Вчера попладне возач на ЈСП физички бил нападнат од едно лице.
– На 18.10.2024 година во 16.00 часот во СВР Скопје, Ѓ.Н.(57) од Скопје пријавил дека околу 15.25 часот на подрачјето на Центар, додека извршувал работни задачи како возач на автобус на ЈСП Скопје, во кабината од автобусот бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, известија од полицијата.