Skip to main content
Музика

Игор Џамбазов замина преку океанот и прати поздрав до Македонците: „Чувајте ми ја Македонија“

31/10/2024  17:30

Македонскиот актер и шоумен Игор Џамбазов ги спакува куферите, ја напушти Македонија и замина на далечен пат – Канада или едноставно привремено се „отсели“ во Северна Америка.

Џамбазов редовно се огласува на социјалната мрежа Инстаграм, па така и оттаму со една фотографија се обиде да ја долови атмосферата и енергијата со која повторно ги воодушеви своите следбеници, но и со описот кој и го додаде.

Игор докажано може да се снајде и адаптира секаде, а Канада овој пат е една подалечна дестинација и далеку од неговата Македонија каде заедно со Гуру Харе во сабота ќе одржат концерт за многубројните македонските иселеници.

Џамбазов сега прати поздрав оттаму и не изостави да каже колку веќе му недостасува неговата сакана Македонија.

„Конечно стигнавме. Преку океанот. Еве сме со нашите домаќини. Со нив како да сме дома. Во сабота е концертот. Денес Гуру Харе си одбра гитара и појачало. Јас си купив ново укулеле. Утре ни е првата проба со бендот. Салата е распродадена. Тоа е народе. Сè е под контрола. Само што ми фали Ферхунде. А по малку и вие … Чувајте ми ја Македонија, барем до понеделник. Во вторник се враќам…“, напиша Игор.