Украина мора да направи се што може за да обезбеди војната со Русија да заврши следната година преку дипломатски средства, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски призна дека ситуацијата на бојното поле во источна Украина во моментов е тешка и дека Русија постигнала напредок, пренесува Ројтерс.
Тој оцени дека неговиот руски колега Владимир Путин не е заинтересиран за мировен договор.