Skip to main content
Хроника

Жена среде бел ден украла паричник на свој сограѓанин на градскиот плоштад

13/11/2024  13:44

Полицијата во Куманово вчера во 13:30 часот ја уапси 41-годишната М.М од Куманово поради сомнеж дека украла паричник на градскиот плоштад од свој сограѓанин.

„На 11.11.2024 во 13.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода М.М. (41) од Куманово. Таа се сомничи дека истиот ден на Градскиот плоштад во Куманово на С.П. му го одзела паричникот“, информираат од Секторот за внатрешни работи.

М.М. била приведена во полициска станица и, како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.