Skip to main content
Економија

Експертите предупредуваат: Владата без визија додека економијата тоне

19/10/2024  15:18

Македонија ќе го заврши годината со најнизок економски раст во регионот, според извештајот на Светска банка, а експертите жестоко ја критикуваат Владата за нејзиното безделничење и немање јасна стратегија.

Професорот Абил Бауш за ТВ24 истакнува дека моделите одамна предупредувале на ваквиот исход, но Владата наместо да се зафати со итни структурни реформи, ја префрла вината на претходниците.