
Едно лице загина, а четворица се повредени денеска кога воз излета од шините на северот на Норвешка, соопшти полицијата.
Камења паднаа на возот што ги поврзува градовите Трондхајм на запад и Бодо на северот на земјата, по што излета од шините, изјави полицаецот Арилд Волдмо за норвешката радио и телевизија NRK.
Во несреќата едно лице загина, а четири лица се повредени, јави новинската агенција НТБ, повикувајќи се на полициски претставник.
Во моментот на несреќата во возот имало 55 лица и сите биле извлечени од вагонот, додава агенцијата.