Skip to main content
Македонија

Д-р Колев: Македонија е во првите 20 земји во свет по трансплантација на срце

17/11/2024  21:52

Во подкастот ЗРАК со д-р Марина Вукашиновиќ, зборуваше и доктор Александар Колев, кардиохирург, кој се осврна на процесот на трансплантација на срце.

Колев вели дека во последните години Македонија доста напреднала на ова поле.

„Од 2020 година до сега се направени 11 трансплантации. За волја на вистината, во однос на бројот на жители тоа ја издигнува Македонија во првите 20 држави во светот по број на трансплантации по глава на жител, рече Колев.

Тој додаде дека и многу побогати и поразвиени држави од Македонија заостануваат зад нас кога станува збор за трансплантации.

Колев, се осврна и на кардиоваскуларните болести Македонија, посочувајќи дека заболуваат и се повеќе млади луѓе

„ Кога граѓаните ќе дојдат во поодминати години сите развиваат одредена срцева слабост имаат коронарна артериска болест, исхемична срцева слабост и слично но има и млади пациенти кои имаат врдени аномалии или кои биле изложени на цитостатици. Ова не е болест само на возрасната популација, туку возрасната граница се повеќе се спушта“ посочи тој.

Целата епизода од подкастот ЗРАК гледајте ја на следниот линк