Skip to main content
Магазин

Грузија е победник на Детската Евровизија, Македонија на 16-то место

16/11/2024  23:13

Вечерва во Шпанија се одржа 22-то издание на музичката манифестација Детска Евровизија.

Победата отиде во рацете на Андрија Путкараџе од Грузија, чија песна „To My Mom“ беше избрана за најпопуларна во конкуренцијата од 17 земји-учеснички. На втората позиција се најде Португалија, а на третата Украина.

Ова е четврта победа на Грузија на ова музичко натпреварување. Тие победија и во 2008, 2011 и 2016 година.

Нашите претставници Алексеј Ивановски и Ана Ванчевска имаа одличен настап, но нивната песна „Marathon“ заврши на 16. место со 54 поени.