Дека е ставен на црната листа на САД, поранешниот вицепремиер Артан Груби вели дека дознал од медиумите. Еве што објави Груби на ФБ.
-Во отсуство на детални информации, медиумите ме препознаа за денешната одлука на Стејт департментот. Како човек кој мојот јавен живот го посветив на заштита на западните демократски вредности и кој секогаш работев напорно за членството на земјата во НАТО и во Европската Унија, оваа одлука ме засега директно и лично.
Ќе се ангажирам со сета своја посветеност и максимално, заедно со нашите пријатели и партнери, со кои ја споделувавме визијата и работевме низ годините за интеграција на земјата во евроатлантските структури, целосно да го разјасниме ова прашање.
Транспарентноста и посветеноста на демократските вредности и понатаму ќе бидат главен столб на секое мое дејствување.