![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2024/12/468312470_122195836016222343_4336752646293719730_n.jpg)
Герила акција се случила синоќа во скопската населба.
На една од автобуските постојки поставена е пластична гајба во која се истурени зрна грав.
На гајбата е напишано „Проверете кога ќе пристигне автобусот“.
Во заднина на натписот е фотографија од прославата на локалните избори 2021 на која заедно се фотографирани Данела Арсовска и Христијан Мицкоски.
Граѓани на Аеродром со ваквата акција реагираат на хаосот со јавниот превоз што му се случува на Скопје.