Skip to main content
Свет

Генералното собрание на ОН усвои резолуции за прекин на огнот во Газа и поддршка за УНРВА

12/12/2024  09:05

Генералното собрание на Обединетите нации со големо мнозинство одобри две резолуции со кои се бара итен прекин на огнот во Појасот Газа и поддршка на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), која Израел ја забрани.

Од 193 земји, 158 гласаа за резолуцијата за прекин на огнот во Газа, а 13 беа воздржани, додека 159 земји гласаа за поддршка на УНРВА со 11 воздржани.

Гласањето беше одржано по дводневна дебата, за време на која претставниците на земјите-членки на ОН главно повикаа на прекин на 14-месечната војна меѓу Израел и милитантната група Хамас и бараа пристап до целата територија на Појасот Газа со цел за да се спречи хуманитарна катастрофа.