Skip to main content
Хроника

Вработен во „Градски паркинг“ натепан по поставување блокатор на автомобил

31/10/2024  16:36

На 30 октомври 2024 година, околу 15.07 часот, во СВР Скопје било пријавено дека вработен во Јавното претпријатие „Градски паркинг“ бил физички нападнат на паркинг простор во општина Аеродром. Инцидентот се случил околу 14.30 часот, кога вработениот, 58-годишниот М.Т. од Скопје, поставил блокатор на патничко возило со хрватски национални ознаки, по што бил нападнат од едно лице, информираа од полицијата.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на околностите поврзани со инцидентот.