Skip to main content
Балкан

Во Хрватска во тек се апсења и спроведување на итни доказни дејствија по наредба на Канцеларијата за сузбивање на корупција и организиран криминал

15/11/2024  09:33

Припадници на хрватската Национална полициска канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал утрово организираа голема акција во која упаднаа и во домот на актуелниот министер за здравство Вили Берош.

На адресата на министерот за здравство Вили Берош, како што објави Јутарњи лист, дошле со наредби за претрес.

Според првичните информации, истражителите освен министерот, цел се и неколку лекари, меѓу кои и директори на болници.

Канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал (УСКОК) соопшти дека „приведувањата и спроведувањето на итните доказни дејствија се резултат на истрагите  што претходно ги спроведе УСКОК“.

„Наведените дејствија се вршат на подрачјето на Загреб и Скрадин во врска со повеќе лица, од кои едното е висок државен функционер, а за кои постои основано сомнение дека сториле коруптивни кривични дела.

По распитот на осомничените УСКОК ќе донесе одлука за понатамошно постапување по предметниот случај за што благовремено ќе ја информира јавноста“.