Во Собранието денеска ќе се одбележи Меѓународниот ден на толеранцијата.
Како што информираат од собраниската прес-служба, Меѓународниот ден на толеранцијата ќе се одбележи со работилница за деца од повеќе училишта и од различни етнички заедници, преку креирање пораки за толеранција.
На присутните е предвидено да им се обрати претседателот на Собранието, Африм Гаши.