Во јужните предградија на Бејрут, се урна зграда погодена од нови напади на израелската армија.
Од објавените фотографии се гледа дека проектилот удрил во долните катови, по што целата конструкција се урнала. Либанската агенција Ани утринава јави дека станува збор за „втор напад од израелски непријателски авион“.
Нападот бил насочен кон секторот Гобеири, недалеку од најголемиот парк во либанската престолнина.
Утринава израелската армија повторно ги гаѓаше упориштата на проиранскиот Хезболах во предградијата на Бејрут, по апелот за евакуација кој претходно беше испратен до населението.
Бомбардирањето на цели во Либан започна на 23 септември, а израелската армија започна копнена офанзива на југот на земјата на 30 септември.