Skip to main content
Свет

(Во живо) Трамп ќе и се обрати на јавноста

06/11/2024  08:06

Доналд Трамп наскоро ќе и се обрати на јавноста.

Меѓу оние што се во просторијата е Илон Маск, кој водеше голема кампања за Трамп, како и политичките сојузници Роберт Кенеди Јуниор и Тулси Габард.

Трамп води во три клучни држави

Сите избирачки места во САД се затворени, а Доналд Трамп има предност пред Камала Харис.

Доналд Трамп моментално води во Пенсилванија, Мичиген и Висконсин – трите главни држави во Rust Belt. Тој има шест поени предност во Мичиген, со преброени 62% од гласовите, три поени во Пенсилванија (92% преброени) и четири поени во Висконсин (86% преброени).