Skip to main content
Македонија

Започна седницата на Уставен, тројца судии не се присутни на седницата, пред Уставен зборува Али Ахмети

11/12/2024  10:22

Започна седницата на Уставен суд во која ќе се расправа за Законот за јазиците.

На седницата не се присутни судиите Осман Кадриу и Насер Ајдари, како што беше најавено и претходно. Во текот на седницата, истата ја напушти и судијата Фатмир Скендер.

Надвор може да се забележи зголемено присуство на полицијата.

Пред Уставен суд можеа да се забележат симпатизери на ДУИ и на Европскиот фронт кои даваат изјави додека трае седницата.