Skip to main content
Македонија

Возилото било кај зградата на Вања три дена пред грабнувањето, вели сведокот на денешното рочиште

25/11/2024  12:05

На денешното рочиште за двојното убиство на малата Вања и Панче од Велес сведочеше началник од „Сејф Сити“. Тој вели „возилото „цитроен“, со кое беше грабната 14-годишната Вања Ѓорчевска, прв пат до зградата на девојчето се доближило утрото на 24 декември, околу 6.30 часот, односно три дена пред да биде киднапирања Вања.

-На 24-ти возилото „цитроен“ од Тријангла, Маџари, оди на местото каде што живее девојчето и си оди. На 27-ми кога е грабнато девојчето повторно оди кон зградата на девојчето, и потоа ни се губи кон Александар Палас. „Реното кангу“ пак се движи 2-3 минути пред „цитроенот“, исто кон Александар Палас, сведочеше полицаецот.

Сведокот исто така изјави дека пребарувале низ снимките на ниво на Град Скопје, а потоа по дојави. Потоа стигнало известување и за запалено возило „цитроен“ во Бразда, и информација дека во близина поминало возило „рено кангу“, по што го следеле неговото движење на камерите.

-„Реното кангу“ кога доаѓа од местото на настанот, по палењето на „цитроенот“, во 9.38 часот, го фаќаме на камера кај Бутел. Се гледаат две силуети. Возачот е со брадичка и личи на првообвинетиот (мислејќи на Палчо). Возилото се упати кон Железничка, кај седиштето на партијата „Десна“, сведочеше сведокот.