Skip to main content
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ целосно го урнисаа здравството, во Детска клиника без тендер набавувале лекови вредни милиони

13/11/2024  09:47

Интегрален текст од соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

Нема крај на неодговорно, недомаќинско и расипничко однесување на СДС и ДУИ. Секојдневно на видели излегуваат нивните злоупотреби со институциите на системот, ограбувањето на државните ресурси, осиромашувањето на народот.

Изминатиот период објавивме бројни скандали за злоупотреба на службената должност на лица од СДС и ДУИ кои раководеле со јавни и државни институции.

Од ваквите скандали кои отвораат сомнежи за сторени криминали од милионски вредности, СДС и ДУИ не ги поштедиле ниту здравствените институции кои треба да се сервис и да водат грижа за здравјето на македонските граѓани. 

Клиниката за детски болести е здравствена институција која треба да обезбеди навремена, соодветна и квалитетна здравствена нега за најчувствителната категорија пациенти, децата. Но, СДС и ДУИ не можеа да ги држат рацете подалеку дури ни од оваа витална институција, а да не профитираат врз здравјето на децата.

Според Извештајот на Државниот завод за ревизија за работата на детска Клиника во 2022 година, констатирано е дека без тендер се набавувале лекови во вредност од неколку милиони.

За време на раководењето на кадри од СДС и ДУИ, Клиниката за детски болести набавила лекови од 8,6 милиони денари на реверс, а потоа ги вратила на фирмата која го добила тендерот.

Освен кон набавените лекови, детска клиника во време на СДС и ДУИ неодговорно се однесувала и кон лековите кои ги добивала како донација, така што за две донации не е запишано која сума се проценуваат.

Според податоците во Извештајот, примени се лекови за ретки болести во вредност од 200 милиони денари, а лекови вредни над 50 милиони евра останале неискористени.

Ова само покажува колку е голема неспособноста на СДС и ДУИ, и колку недомаќински и расипнички раководеле со јавните здравствени установи. Кај што ги трошеле и не ги штеделе парите на граѓаните, така и со донациите недомаќински управувале.

Како и во целата држава, така и во здравството СДС и ДУИ направија хаос и целосно го урнисаа.