Невестата Теодора Спасиќ на својот ТикТок профил сподели видео од влегувањето во салата со својот партнер, а музичката позадина за истото била химната на Лигата на шампионите.
„Година и пол ја планираш вашата романтична венчавка, но твоето момче одлучува тој да ја избере песната за вашиот влез“, напишала таа во видеото.
Снимката привлече 2 милиони прегледи со многу коментари, а многумина се воодушевени од неочекуваниот избор на музика.
Додека познатата мелодија одѕвонувала во салата, парот бил дочекан со аплауз, а на крајот ги чекал матичарот. Сепак, нивниот прв танц изгледал малку поромантично, кој со специјалните ефекти изгледал како Дизниева екранизација на бајка.