
Снегот кој денеска и попладнево падна го парализираше сообраќајот на повеќе патни правци.
Меѓу нив е и патот кој од Кавадарци води кон планинскиот превој Плетвар.
Видео испратено од читател на 24инфо.мк покажува дека на овој патен правец има доста снег и се чини дека воопшто не е интервенирано од екипите на Македонија пат.
Пред Плетвар има заглавено и неколку камиони со странски регистарски таблички.
На сите што патуваат низ овој дел од државата им препорачуваме да возат внимателно.