И оваа година Општина Бутел креира буџет заедно со граѓаните.
Како што информираа од локалната самоуправа тимови организирани од општина Бутел ќе го посетат секој дом и ќе прибираат предлози и идеи за новиот буџет, а ќе се организираат и штандови на најфрекфентните локации за време на викендите.
Исто така, за поголема вклученост, граѓаните ќе имаат можност своите предлози, идеи, решенија да ги достават и преку дополнителните алатки за комуникација: архива на Општина Бутел, меилот info@opstinabutel.gov.mk и на телефонскиот број 075 274 421.
Општината ќе организира и јавна граѓанска дебата.
– Буџетот за наредната 2025 година ќе биде токму од предлозите од нашите граѓани за потребите на граѓаните. Општина Бутел и во наредната година ќе работи исклучително за потребите и во интерес на граѓаните ! Продолжуваме со уште посилно темпо! За стабилна, модерна, европска и просперитетна општина Бутел, порача градоначалникот Дарко Костовски.