Skip to main content
Свет

Асад останува во Дамаск, демантирани гласините за бегство

07/12/2024  18:42

Сирискиот претседател Башар ал-Асад не го напушти Дамаск, и покрај напредувањето на бунтовничките сили кон главниот град, соопшти сириското претседателство.

„Некои странски медиуми шират гласини и лажни вести дека претседателот Башар ал-Асад го напуштил Дамаск или дека е во посета на друга земја“, се наведува во изјавата.

Претседателството истакнува дека Асад продолжува да ги извршува своите уставни обврски од главниот град.