Skip to main content
Забава

Американец поради расипан автомат купил тикет кој не го сакал, на крајот освоил 9,2 милиони долари

21/10/2024  18:18

Граѓанин на американската сојузна држава Илиноис купил тикет за еден вид лотарија што не го сакал поради расипана машина, но сепак му донела 9,2 милиони долари.

„Машината не сакаше да ми даде тикет за играта на среќа што ја посакував. Бев разочаран и се прашував што се случува“, рече тој, додавајќи дека машината се заглавила на играта Лото.
Како што рече, сепак одлучил да го купи тикетот што му го понудила машината и ја добил наградата од 9,2 милиони долари на премиум извлекувањето.