Skip to main content
Македонија

Александар веднаш рекол „Ако е Вања убиена, ќе се убијам и јас“ – сведочеше близок роднина на семејството

18/10/2024  13:33

Вториот сведок на денешното рочиште за убиствата на Вања и на Панче беше Митре Лазаров, чичко на Зорица, мајката на Вања.

Тој сводечеше за дента кога ја снемало Вања.

„Ми се јави Зорица ми кажа дека Вања ја нема. Ми кажа дека телефонот покажува дека е во близина на Силбо. Јас тука живеам, веднаш излегов со велосипедот. Дојде и полицаец заедно со Александар. Ако е убиена Вања ќе се убијам и јас, ми рече таткото на Вања. Ми беше сомнителен. Му реков „земи утепај се ти“. Не излезе од колата додека баравме. Потоа дури и си замина, а јас продолжив да барам, сведочеше вознемирено Лазаров

Обвинителка: Зорица од кога живееше во тој стан?

„Летото, таа го реновираше тогаш. Од една соба направивме две за децата“, рече Митре Лазаров.

Обвинителка: Тој стан беше на Зорица?

„Јас така знам. Беше на брат ми, па ѝ го препиша на Зорица“, рече Митре Лазаров.

Со неговото сведочење заврши денешното судско рочиште, а следното продолжува на 13 ноември.