Skip to main content
Скопје

(Видео) Аеродром се гуши! Густ црн чад меѓу Долно Лисиче и Драчево – граѓаните се жалат на загаден воздух

12/03/2025  16:02

Попладнево повторно нешто гори некаде помеѓу населбите Долно Лисиче и Драчево од каде се извива црн густ чад.

Граѓаните од овој дел од Скопје, па се до населбата Аеродром се жалат на непријатна миризба и отежнато дишење, јавуваат читатели на 24инфо.мк

Ваков случај имаше и пред шест дена, но очигледно дека ниту тогаш, ниту сега не реагира ниту една институција.

Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), аерозагадувањето е главен ризик фактор за смрт кај 25 отсто од смртните случаи од срцеви и мозочни удари и кај 4,6 отсто од починатите пациенти со рак на бели дробови. Анализите на ИЈЗ, се правени врз база на меѓународни студии и согласно препораките на Светската здравствена организација (СЗО).

Според проценките од студијата на Светската банка во Македонија, 1.100 луѓе годишно умираат како последица на аерозагадувањето.