Денес со почеток од 17 часот во Скопје се одржа втор протест за правда на Фросина Кулакова која пред неколку дена беше прегазена од 20-годишниот Васил Јованов кој возел со 130 километри на час на Партизанска, во строгиот центар на градот.
На протестниот марш беа и присутни и најблиските на Фросина Кулакова, а нејзиниот татко Тодор Кулаков за Канал 5 изјави дека само јавноста може да донесе правда за Фросина.
„Тој не се ни помоли за душа на детето, да направи нешто што родител би го направил…а тој се шуњаше нешто и си замина…“ изјави за Канал5 Тодор Кулаков – таткото на загинатата Фросина Кулакова.