Search

Џонсон се пишмани и бара одлагање на Брегзит, Брисел нема против

Британскиот премиер Борис Џонсон попуштил и се согласил да побара од ЕУ одлагање на Брегзит откако попладнево британскиот парламент изгласа одложување на одлуката за гласање на договорот со Унијата. По гласањето Џонсон рече дека нема намера да преговара со Брисел за нов договор, но по позитивните сигнали од Брисел дека ЕУ ќе одобри одлагање на Брегзит и по 31 октомври, Џонсон се пишмани.

Тој вечерва му се јавил на претседателот на Европската Комисија, Доналд Туск дека ќе испрати официјално писмо со барање за одложување на Брегзит по 31 октомври.

Претставници на 27 членки на Унијата ќе се состанат утре за да го разгледаат најновиот развој на настаните. Џонсонпретходно во обраќање до пратениците рече дека не верува дека ЕУ ќе понуди дополнително одлагање и дека нема за тоа да преговара.

Но, претставниците на ЕУ рекле дека било јасно за време на дискусијата на лидерите на самитот дека ќе одобрат продолжување на рокот.

Треба да знаете
Последни објави