Search

Ќерката на Бил Клинтон го роди своето трето дете

Челзи Клинтон (39), ќерка на поранешниот американски претседател Бил Клинтон (72) и поранешната прва дама Хилари Клинтон (71), третпат стана мајка и веселата вест ја објави на својот твитер-профил.

„Ова утро на свет дојде нашиот син Џаспер Клинтон Мезвински. Преплавени сме од љубов и благодарност и одвај чекаме да го запознаеме со братот и сестрата”, им напиша Челзи на своите следбеници, кои на таа социјална мрежа ги има повеќе од 2,5 милиони.

Челзи е во брак со банкарот Марк Мезвински (41) од 2010 година.

Треба да знаете
Последни објави