Search

ЈП „Водовод и канализација“постави нова водоводна линија во должин од 100 метри

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје континуирано работи на спроведување на технички активности кои се во насока на подобрување на водоводната и канализациската инфраструктура во Град Скопје.

Во текот на оваа недела екипи на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, поставија нова водоводна линија ф300мм, во должина од околу 100м на потегот меѓу Универзитетот ФОН и „Мерцедес“.

Имено, со поставување на оваа водоводна линија се отвораат можности и услови за продолжување и развој на водоснабдителниот систем во тој дел од општина Гази Баба.

Треба да знаете
Последни објави