Search

Јаховиќ стави потпис на едногодишен договор со Анталијаспор

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Адис Јаховиќ стави потпис на едногодишен договор со турскиот Анталијаспор. Јаховиќ (32 г) во турскиот фудбал настапуваше и за Малатијаспор од каде заминува сега, како и за екипите на Гезтепе и Коњаспор.

Договорот на голгетерот Јаховиќ со Анталијаспор има можност за продолжување за уште 1,5 година ако двете старни бидат задоволни од соработката по првата година. Првиот меч за Анталијаспор, Јаховиќ ќе го одигра против Денизлиспор.

-Играњето со Подолски во ист тим ќе биде задоволство. Сум играл и со Ето во Коњаспор, задоволство е да се биде покрај вакви играчи. Не е важно кој колку голови ќе даде, туку тимот да бележи добри резултати и да ја оствари целта – изјави Јаховиќ на промоцијата во новата средина.

Треба да знаете
Последни објави