Search

Јанушев: Власта се плаши Катица Јанева да не каже нешто што не треба да го каже

Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, во гостувањето во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија претпостави дека промената на мерката притвор во домашен притвор за поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, му оди во прилог на оној којшто се обидува преку оваа постапка да прикрие нешто во аферата „Рекет“.

-Во два сегмента би го поделил ова прашање. Првиот е во однос на тоа дека за жал, мерката притвор се користи всушност како казнена мерка што дефинитивно треба да се напушти. Јас во една од моите комуникации преку социјалните мрежи со јавноста дадов еден пример од пред неколку месеци, кога беше најактуелен случајот „Рекет“ со еден сличен случај во соседна северна Србија, каде што буквално луѓето се држени или 48 часа или 78 часа, не ме држете за збор, во притвор се додека не се превземени потребните мерки, изјави Јанушев.

За вториот дел од одговорот Јанушев рече дека според него, целата постапка се води кон тоа нешто да се прикрие и дека обвинителството делуваше дури по неколку месеци од обзнанувањето на аферата и со тоа според него, се остави доволно време да за да затскријат некои делови, за потоа да ја жртвуваат Катица Јанева и да ја стават во притвор.

-Денеска веројатно размислувајќи дека не е до толку актуелна аферата ја пуштаат Катица Јанева во домашен притвор или можеби второто сценарио се плашат дека Катица Јанева ќе каже нешто што не треба да го каже. Од обелоденувањето на аферата „Рекет“ па се до денеска, тврдиме дека истрагата не е водена како што треба и сеуште не е дојдено до главните ликови, организатори, нарачатели на аферата, рече во „Што не е јасно“ Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави