Search

Ја фатил сопругата со љубовникот па го искасапил со секира

Телото на човек убиен со секира и врзани раце и нозе беше пронајден во куќа во Дивос кај Сремска Митровица, пишуваат српските медиуми.

Според најновите информации, полицијата го уапсила Драгутин М. (30) од селото Бингуле, кој го признал убиството. Осомничениот наводно го убил човекот откако го фатил како има секс со неговата невенчана сопруга, Светлана Ј. (39).

Жителите на селото велат  жената често ја гледале со различни партнери, како и дека била жртва на насилство од еден од нив .

Во селото има голем број полициски возила, како и припадници на полицијата, кои спроведуваат истрага. Се утврдуваат сите околности на случајот како и идентитетот на убиениот.

Треба да знаете
Последни објави