Search

,,Ја лажев во очи, а таа наивно ми веруваше“ – Исповед на Младен од Тетово

Со девојка ми Тамара сме во врска веќе две години. Таа е мила, искрена, паметна, убава, истрајна, послушна. Едноставно совршена девојка. Мислев дека таа ќе го промени мојот начин на живот, но погрешив.

Таков сум роден. Не знам да задржам една девојка. Откако знам за себе, сите девојчиња уште во градинка ги закачав, ги галев за коса. Не ми се допаѓаше само една, туку десет девојчиња во исто време. Со истото темпо продолжив и во основно школо каде почнав да имам односи со неколку девојки во исто време. Сите ме сакаа, мислеа дека се во врска со мене, а уствари јас сите ги лажев. Со истото темпро продолжив и во средно школо па на факултет, се додека не ја запознав Тамара.

Бев речиси убеден дека таа ќе ме промени, но погрешив. Само три месеци и бев верен. Тогаш се појави Драгана која ја запознав во тоалет додека чекав ред во еден од Скопските локали. Имав кратка авантура со неа. Па се појави Ивана, па Сара, па Виолета итн. Им немаше крај. Со сите имав кратка авантура.

Тамара ме чекаше дома секогаш наивно и ми веруваше бескрајно. Ја лажев дека излегувам со пријателите на пиво, па сум на деловен состанок во некоја фирма, на службен пат во некоја од соседните земји, на операција за коленото, но дека не сакам да ја секирам. Знам дека сум ѓубре и кога тогаш животот ќе ми врати, но таков сум и не можам да се променам. А и да бидам искрен, убаво ми е вака.

Фото: Илустрација

Треба да знаете
Последни објави