Search

Ѓорѓиев со 37 поени е играчот на денот на ЕП

Македонија водена од капитенот Никола Ѓорѓиев извојува, прва историска победа на премиерниот настап на завршниот турнир од ЕП-2019. Пред налетот на македонските одбојкари на колена клекна Белорусија (3:1) во групата Ц, која се игра во Словенија. Ѓорѓиев во салата „Стожице“ во Љубљана каде и нема многу посетители да се восхитуваат од она што го прикажуваат одбојкарите на паркетот, беше вистински лидер на македоснскиот тим остварувајќи неверојатни 37 поени во тириумфот против Белорусија.

Ваквиот негов настап не остана незабележан од Европската одбојкарска федерација (ЦЕФ) која го прогласи за играч на денот.

-Во победата свое шоу имаше еден човек – капитенот Никола Ѓорѓиев. Имаше неверојатни 37 поени и го растури противникот со својот сервис и напад – се вели во образложението на изборот од ЦЕВ за макеоднскиот капитенот.

Денеска од 17:30 часот во истата сала македонската репрезентација има нов предизвик против домашната селекција Словенија. Со нов триумф избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ ќе можат да се надеваат на продолжен престој на ЕП. По дуелот со Белорусија, Ѓорѓиев порача.

-Ова беше историски натпреавр за македонската одбојка – го добивме. Многу сум среќен, ова е моја репрезентација, оваа е мој тим, затоа бев многу тажен по мечевите кои ги загубивме, знаев дека можеме да одиграме многу подобро. Можеби тоа што се зборуваше дека ова е историја ни создаваше некоја тежина, можеби целата оваа атмосфера околу нас беше причина за поразите, потребно беше да одиграме три натпревари, да имаме ден одмор и потоа да покажеме што можеме. Ова е голема, величествена победа. Овие момци имаат срце како планина – изјави Ѓорѓиев.

.

Треба да знаете
Последни објави