Search

Ѓоковиќ: Блиску сум до мојата најдобра форма

 Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е задоволен  од моменталната форма и покрај поразот во финалето на турнирот во Лондон од Хрватот Марина Чилиќ.

 

– Јас сум блиску до мојата најдобра форма и многу ми е драго што можам да играм на ова ниво пред Вимблдон. Лондон е голем турнир пред Вимблдон, и стигнав до финалето. Ова е одличен резултат, истакна поранешниот прв светски рекет.

Тој му ја честиташе победата на ривалот и додаде дека е добро што по една година, повторно е во завршницата од еден турнир.

31-годишниот Ѓоковиќ половина од минатата сезона ја пропушти поради повреда на лактот.

Следен негов предизвик е Грен слемот Вимблдон кој ќе се одржи од 2 до 15 јули. Ѓоковиќ има три титули од овој турнир. Победуваше во 2011, 2014 и во 2015 година.

Треба да знаете
Последни објави