Search

Што се случува во Карате федерацијата ?????

Писмово ви го испраќам како родител на дете каратист, репрезентативец на престојното Балканско
првенство за кадети, јуниори и У21, кое треба да се одржи на 6-8.12.2019год. во Брежице, Словенија.

“Родител сум на дете каратист, активен член и натпреварувач во еден од спортските карате клубови. Ова дете каратист секојдневно, од своето слободно време издвојува по 3 часа за напорни тренинзи, и притоа успешно ги остварува сите останати активности поврзани со школото и социјалниот живот.

Секојдневните напорни тренинзи како и желбата за спорт, и го донесоа посaкуваниот пласман во карате репрезентацијата на престојното Балканско првенство за кадети, јуниори и У21, кое треба да се одржи на 6-8.12.2019 година, во Брежице, Словенија.

ТУКА НАСТАНУВА ПРОБЛЕМОТ !!!!!!!

 Обврската за покривање на финансиските трошоци за настапот на каратистите репрезентативци, од страна на Карате Федерацијата, во целост е префрлена врз самите карате клубови и натпреварувачите. Ова може да го прочитате од известувањето кое КФМ го испрати до сите карате клубови членови на КФМ.

Моите прашања упатени до КФМ, Агенција за млади и спорт како и сите останати засегнати страни во ваквата ситуација се:

 

  1. Како да му објаснам на моето дете дека клубот, а и јас како родител немаме финансиски средства да го платиме настапот за РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА Р.С.МАКЕДОНИЈА?
  2. Зошто обврската за подмирување на трошоците за настап на Балканско, Европско и Светско првенство е префрлена врз карате клубовите, односно, самите репрезентативци?
  3. Дали некој надлежен извршил КОНТРОЛА ВРЗ РАБОТЕЊЕТО на КФМ, односно каде се трошат финансиските средства кои КФМ ги добива за развој на каратето и самите репрезентативци? ТОА СЕ СЕПАК ПАРИ НА РОДИТЕЛИТЕ И НА ГРАЃАНИТЕ КОИ СЕКОЈ МЕСЕЦ СЕ ОДБИВААТ ОД НАШИТЕ ПЛАТИ!!!!!!!!
  1. Кој ќе го плати престојот на ШЕФОТ НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА кој е наведен во известувањето? Која е целта на Делегацијата кога сите репрезентативци се оставени сами на себе? 
  1. Што со натпреварувачите-репрезентативци кои НЕ ПОСЕДУВААТ ТРЕНЕРКИ на репрезентацијата? Треба ли ние родителите да им купиме за да се чувствуваат горди на својата држава?

Ги повикувам сите надлежни институции во државава, да се ангажираат за решавање на овој проблем, бидејќи на овој начин ЈА УБИВААТ ЖЕЛБАТА И МОТИВАЦИЈАТА  НА МЛАДИТЕ  КОИ САКААТ ДА СПОРТУВААТ И ДА ОСТВАРУВААТ УСПЕСИ.

Во продолжение Информацијата од КФМ до клубовите

ДО:

КЛУБОВИ ЧЛЕНКИ НА КФМ

ПРЕДМЕТ: Информација,

 

Почитувани, Државни тренери клубски тренери и натпреварувачи кои патуваат за Балканско првенство за кадети, јуниори и У-21 за Брежице – Словенија, дозволете да ве информирам за следното:

 

  • Сите клубови да го потврдат писмено на е – маил на КФМ contact@kfm.com.mk бројот и имињата на нивните натпреварувачи, што ќе патуваат за Брежице да им ја гарантираме резервацијата, најдоцна до 11.2019 (вторник) до 15:00ч.

 

  • Државните тренери и клубските тренери кои ќе бидат акредитирани во борби и кати да настапат одговорно како тим на тренери, кои меѓусебно ќе се помагаат.

 

  • Тренерите кои ќе ги водат натпреварувачите во текот на борбите, задолжително треба да бидат облечени со тренерки, црвено жолти – тренерки на репрезентацијата.

 

  • Сите натпреварувачи кои учествуваат по прв пат на Балканско Првенство да испратат слика до КФМ преку е-маил за пријавување.

 

  • Натпреварувачите кои поседуваат тренерки, црвено жолти задолжително да ги носат.

 

  • Котизацијата за учество на Балканското првенство е во висина 20 евра за една дисциплина поединечно , 15 евра екипно ката и 20 Евра екипно кумите.

 

  • Се задолжуваат државните тренери и клубските тренери акредитирани по пристигнувањето да ја соберат котизацијата од натпреварувачите и државните тренери во соработка со шефот на делегацијата да ја пријават репрезентацијата.

 

  • Се задолжуваат клубовите и нивните тренери за своите натпреварувачите во едната од осигурителните компании да направат за четри дена ОСИГУРУВАЊЕ СО СПОРТСКИ РИЗИK.

 

  • Обврската за комплетирање со опрема која се бара според правилата за настап на натпреварувачите е на одговорност на клубот кој има репрезентативец.

 

  • Клубските тренери ако проценат дека нивните натпреварувачи имаат потреба за лекарски преглед пред заминувањето за Балканското првенство тоа да го сторат.

 

  • Сите натпреварувачи задолжително со себе да го носат и натпреварувачкиот картон со важечки лекарски преглед (не постар од шест месеци).

 

  • Патната исправа-Пасошот мора да има важност од минимум 90 дена од денот на влегувањето во Македонија односно мора да важи до Март 2020 година.

 

  • Средствата за патувањето и сместувањето да се уплатат на жиро сметка на туристичката агенција Скаут. Вкупната цена за пат, 3 ноќевање со појадок, трансфер хотел-сала-хотел за сите денови на натпреварот изнесува 13800 ден. Оваа сума треба да се уплати на жиро-сметката на ТА.СКАУТ – Скопје најдоцна до 11.2019 година (петок).

 

  • Сметката за извршената уплата да биде понесена со себе на денот на патувањето.

 

 

                                                    Канцеларија на Карате федерација на Македонија

 

Треба да знаете
Последни објави