Search

Штипјанец украл 1,5 милиони денари од извршител

Штипјанец украл близу 1,5 милиони денари од сметка на извшител, информираше МВР.

Станува збор К.К.(46) од Штип против кого е поднесена кривична пријава за проневера во службата.

Според полицијата, К.К. ги крадел парите од 11.01.2016 до 17.10.2018 година  како административен работник кај извршител. Кражбата ја извршил така што од трансакциската сметка на друг извршител, со која располага неговиот работодавач, префрлил 1.425.956 денари на трансакциските сметки на шест лица, негови роднини.

После тоа, од банкомат со нивни платежни картички ги повелекувал паричните средства.

Треба да знаете
Последни објави