Search

Шојгу: Воспоставуваме поморски коридори за извоз на жито

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изјави дека се воспоставуваат два „хуманитарни” поморски коридори во Црно и во Азовско Море, со цел да се овозможи извоз на жито.

Преземаме сет мерки за да овозможиме безбедна пловидба во водите на Црното и на Азовското Море. Опасноста од мини во пристаништето Мариупол е целосно елиминирана, истакна Шојгу.

Русија тврди дека не го попречува извозот на украинско жито, како и дека ако властите  во Киев сакаат да извезуваат жито треба да ги отстранат мините од деловите на Црното Море, што се под украинска контрола. Но, со тоа руските воени бродови ќе можат уште повеќе да се приближат до јужниот брег на Украина.

Треба да знаете
Последни објави