Search

Шон Пен загрижен за иднината на киното

Шон Пен е загрижен за иднината на киното поради зголемената доминација на услугите за стриминг.

Холивудскиот актер (61) се вљубил во киното на рана возраст, но со порастот на стриминг-платформите и влијанието на пандемијата, тој се прашува што носи иднината.

„Работата што ја знаев не е работа на денешницата. Особено со долготрајните ефекти на пандемијата, знаете, на секое ниво на овој бизнис или креативно снимање филмови, човек се прашува каква ќе биде иднината,“ вели тој во интервју за „Скај њус“.

„Со инјектирање на стримингот, можноста за гледање филмови во домашни кина и така натаму…ништо не е како порано. Сè уште сум тип кој се заљубил во девојката чие име е кино, киносала во темница и со непознати околу мене.“

Шон го спореди стримингот со огромна книжарница во која луѓето никогаш не се вкрстуваат.

Треба да знаете
Последни објави