Search

Шефот на кабинетот на Мицкоски во посета на Шведска

Членот на извршниот комитет Игор Николов, и шефот на кабинет на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Златко Перински, на покана на Шведската сестринска партија која воедно е и членка на Европската Народна Партија, „Модерати“ и фондацијата „Јарл Хјалмарсон“ се во неколкудневна посета на Стокхолм.

Поводот на престојот е мониторирање на процесот на изборите за Европскиот парламент како и состаноци и средби за јакнење на меѓусебната соработка меѓу двете сестрински партии.

Се оствари средба со Питер Егорт кој е претседател на „Јарл Хјалмарсон“ фондацијата која развива проект за општествено интегрирање и поддршка на десничарските политики.

Воедно се оствари и средба со европратеникот Гјунар Хукман каде се зборуваше за искуството на Шведска од Европската Унија, придонесот на Шведската партија „Модерати“, како и потребата за интегрирање на Европските вредности и градење на заедничко општество базирано на истите принципи.

Делегацијата учествуваше и на сесијата организирана на тема предизвиците кои престојат на Европската Унија каде се говореше и за иднината на Европската Унија, потребата за градење на консензус за европската иднина на регионот, како и позицијата на државите аспиранти визави Европските актуелни прашања.

Треба да знаете
Последни објави