Search

Шестмина поранешни членови на каталонската влада на сослушување во Парламентот

Шестмина поранешни членови на регионалната влада на Каталонија денеска од затвор пристигнаа на сослушување во регионалниот Парламент во Барселона.

Поранешниот каталонски потпретседател Ориол Жункерас и уште петмина поранешни членови на кабинетот, кои издржуваат казна затвор поради обид за одделување од Шпанија, беа пречекани од група поддржувачи, меѓу кои и претседателот на каталонската влада Квим Тора.

Ова е првпат шест поранешни функционери на Каталонија да се вратат во каталонскиот парламент, откако беа уапсени и притворени по неуспешното прогласување независност во октомври 2017 година. Врховниот суд во Шпанија ги прогласи за виновни за бунт и злоупотреба на јавните средства и ги осуди на затворски казни, со уште тројца други колеги, од девет до 13 години.

Тие беа поканети во регионалниот Парламент да присуствуваат на комисиска седница во врска со последиците од привременото преземање на контролата над регионот од страна на централните шпански власти во екот на кризата во 2017 година. 

Треба да знаете
Последни објави