Search

Шведско радио: И Тачи пред специјален суд за воени злосторства на Косово

Шведско радио објави денеска дека и претседателот на Косово, Хашим Тачи ќе биде повикан во Специјалниот суд за воени злосторства на Косово, но не се наведува во кое својство, објави Газета експрес.

Во извештајот се наведува дека некои од поранешните воени лидери, вклучувајќи го и Рустем Мустафу и Сами Луштаку се повикани како оосмничени за воени злосторства.

Сверигес радио потсетува дека се уште не е подигнато ниту едно обвинение во врска со истрагата за воени злосторства, кои се водени во последните четири години.Радиото наведува дека Тачи бил лидер на ОБК до крајот на војната и во времето кога се направени злосторствата, а бил и шеф на привремената влада и ги контролирал сите клучни механизми.

Треба да знаете
Последни објави