Search

Чудо кое испишаа историја: Две жени во стомак го носеа истото бебе, добија жив и здрав син

Две жени во стомак го носеа истото бебе, добија жив и здрав син

Ешли и Блис Колтер од Маунтин Спрингс во Тексас испишаа историја така што двете носеа исто бебе во стомак. Тие одеа на третман на вонтелесно оплодување за да имаат двете улога во донесувањето на свет на нивните бебиња.

Јајце клетките се земени од Блис, а потоа се оплодени со донорска сперма во лабораторија. Откако ембрионот е сместен во уред налик на капсула, па потоа во неа, за практично да биде инкубатор во првите пет дена. Со оглед на тоа дека не сакала да биде бремена, ембрионот е преместен во Ешли (28).

Во јуни оваа година, овие две жени го добија својот, како што велат, совршениот син Стентсон. Ешли и Блис инаку се надевале дека еден ден ќе имаат деца, а Блис го сакала бебето кое биолошки е нејзино, но не сакала да биде бремена.

Лезбејските двојки обично имаат деца со помош на донорска сперма, што подразбира дека едната од нив ги носи во стомакот, а другата ги посвојува.

Сепак, кај овие две жени се беше поинаку зошто и двете сакаа да бидат вклучени во бременоста. Уредот кој е користен како капсула во кој е сместен ембрионот, помага ембрионот да се загрее, но ги отстранува и токсините и штетните гасови. Кај „традиционалното“  вонтелесно оплодување, ембрионот се става во инкубатор пред да се смести во матката на жената.

„Овој случај е многу посебен зошто тоа е првпат две жени во стомакот да носат исто бебе“, вели д-р Кети Дуди.

Докторката нагласува дека ваквата процедура е поевтина од традиционалното вонтелесно оплодување, поради тоа што вагината е инкубатор, па тоа намалува еден „чекор“ во лабораторијата.

Во овој конкретен случај, процедурата чинела 8.500 долари, што е двојно помалку од цената која ја плаќаат за вонтелесно оплодување во Тексас, каде еден циклус чини и до 20.000 долари.

Стетсон сега има 5 месеци, а неговите мајки се зафатени со грижата околу бебето.

„Никој не знаеше дали е тоа можно, но ете испеа“, истакна Блис.

Двојката замрзна уште два ембриони од Блис за да може  да ги искористи на ист начин, освен ако Ешли не посака следниот пат да се употребат нејзините јајце клетки, зошто сега само гените на Блис преминаа на Стетсон.

Треба да знаете
Последни објави