Search

Чудесна билка која ги ублажува респираторните проблеми

Можеби мислевте дека ова е обична трева, но билката со сини и розови цветови е всушност ценета лековита билка позната под името ”бели дробови”.

Цвета од март до крајот на мај, а ќе ја најдете по шумските падини и ливади. Кога одите на прошетка во природа, сетете се на нашите совети и пронајдете ги богатите и лековити билки кои ќе служат како ефективно средство за ублажување на респираторни проблеми и воспаленија.

Билката треба да се исуши. Сувото цвеќе и лисја се чуваат на темно и суво место. Главната компонента на билката е слуз, а има и коктел од активни состојки како што се витамин Ц, флавоноиди (силни природни антиоксиданси), јаглен, сапонин и сицилиумска киселина која го стимулира создавањето на бели крвни клетки и на тој начин го стимулира механизмот за одбрана на телото.

Од исушената билка може да се подготви одличен чај, кој ќе ви служи како прва помош кога вашето здравје е ослабено. Билката е одлична за ублажување на респираторните болести и проблеми со кашлицата.

Треба да знаете
Последни објави