Search

 Четврти ден по ред Бразил со повеќе од 50.000 новозаразени

Четврти ден по ред во Бразил пријавува по повеќе од 50.000 нови случаи на заразени со коронавирус. Бразилското Министерство за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа се пријавени 51.114 нови заразени, со што вкупниот број на заболени сега изнесува 2,39 милиона лица.

Според министерството, недела во земјката е евидентиран рекорден број новозаразени, 321.623, јави Си-Ен-Ен.

Во последните 24 часа се регистрирани и 1.211 смртни случаи, со што вкупниот број на умрени се зголеми на 86.449 лица.

Треба да знаете
Последни објави