Search

Челси ќе добие забрана за трансфери поради трансферот на играч кој во моментов растура во Франција

Фудбалскиот клуб Челси се соочува со жестока казна од страна на ФИФА која го истражува трансферот на млад талентиран фудбалер.

Имено, од ФИФА го истражуваат трансферот на Бертранд Траоре кој првиот професионален договор со клубот го потпиша во септември, 2013 година откако наполни 18 години.

Од светската куќа на фудбалот веќе три години го истражувале случајот, и нашле сериозни индиции за вина на клубот. Токму затоа на Челси му се заканува забрана за трансфери на играчи во следните две сезони, односно клубот од Лондон нема да смее да купува играчи во четири трансфер периоди.

Бертранд Траоре во моментов настапува во тимот на Лион откако и дефинитивно го напушти Лондон во 2017 година.

Треба да знаете
Последни објави