Search

Челзи отфрли понуди од Барса и Атлетико за Вилијан

Челзи одби предлози од Барселона и Атлетико Мадрид за Вилијан, информира „Скај Спортс”. Тие беа во вредност од 35 милиони фунти (околу 39 милиони евра). Бразилецот ја започнува својата последна година од договорот со лондонскиот тим и е атрактивна цел за други клубови.

Челзи, сепак, се бори да ги задржи своите играчи, бидејќи нема право да привлече нови играчи за тековниот и следниот трансфер прозорец. Пред неколку дена „сините” се разделија со Еден Азар, но ќе се обиде да ги предомисли другите фудбалери, кои сакаат да си заминат.

Во моментов 30-годишниот Вилијан е на Копа Америка со националниот тим на Бразил, откако беше повикан да го замени повредениот Нејмар.

Офанзивниот фудбалер ќе ја игра шестата сезона со тимот на Челзи, откако пристигна од Анжи во 2013 година.

Треба да знаете
Последни објави