Search

Црна Гора: Казна од 1.000 до 10.000 евра за оние што работат во недела

Првата неработна недела во Црна Гора за вработените во трговија ќе биде 20 октомври, соопшти Дирекцијата за инспекција.

Според Инвеститор.ме, инспекцијата повика на почитување со одредбата со цел да се избегнат казните. Кој ќе ја отвори продавницата во недела, ќе се соочи со парична казна од 1.000 до 10.000 евра.

Исто така е можно трајно затворање на објектот.

„Ги потсетуваме сите стопански субјекти кои се занимавааат со трговија на големо и мало на пропишаната одредба од член 35а од Законот за внатрешна трговија, кој стапи во сила на 14 октомври, што практично значи дека првата неработена недела е 20 октомври, како што е пропишано со наведениот член“, велат од Управниот одбор.

Треба да знаете
Последни објави