Search

Циципас го разби малерот против Медведев

– Стефанос Циципас првпат во кариерата го совлада Данил Медведев, и тоа го направи на завршниот Мастерс во Лондон, на кој играат осумте најдобри тенисери на светот.

Гркот го победи Русинот со 7:6, 6:4 во првото коло од групата „Андре Агаси” во која се уште Рафаел Надал и Александер Зверев, тенисери кои вечерва ќе си ги одмерат силите. Со поразот, Медведев испушти шанса да си ги зголеми шансите за освојување на третото место на АТП листата.

Роџер Федерер вчера загуби од Доминик Тим и дозволи да му биде загрозена третата позиција на АТП листата од Медведев, но популарниот Медо не го искористи подарокот, па Швајцарецот сега е во предност во трката за третото место.

Треба да знаете
Последни објави